Беа ривали во Македонија, а во Келце направија цепелин од кој боли глава (ВИДЕО)

По Кире Лазаров и неговиот цепелин во Франција нова мајсторија ни пристигнува од ракометнте терени ширум Европа. Станува збор за Полска, односно тимот кој ја има комплетната ракометна доминација во оваа земја-Келце. Екипата на Талант Душебаев секоја година важи за еден од главните фавотити за освојување на Лигата на шампионите иако оваа година налетаа и беа елиминирани од милионерите од Париз.
Тимот кој е составен од голем број ракометари од овие простори и кој допрва ќе го засилува ростерот за напад на европската титула, важи за еден од најатрактивните во Европа. Тоа го покажаа многупат досега, а ех-ју врската во полсиот шампиоон е на висок напон.
Пред два месеци ракометниот свет се воодушевуваше на тројниот цепелин на хрватско-словенска релација, потоа во Лигата на шампионите, Деан Бомбач си поигра со Тиери Омејер постигнувајќи неверојатен погодок 

300x250

а најновата мајсторија од кујната на Келце доаѓа од ракометарите кои пред неколку сезони беа ривали во Македонија, поточно настапуваа во екипите на Вардар и Металург. Станува збор за Алекс Душебаев и Дарко Ѓукиќ кои на натпреварот против Калиш изведоа феноменал цепелин, кој ги воодушеви домашните фанови. Душебаев се наоѓаше на позицијата среден бек, го проигра Ѓукиќ на позицијата десно крило и тргна напред . Србинот во воздух му даде повратно додавање, а на шпанецот не му остана ништо друго освен елегантно да ја смести топката во противничкиот  гол.