Бајка која траеше кратко: До некое следно видување и ракометно радување (ФОТО+ВИДЕО)

Дојде крајот и на последниот европски настап на ЖРК Вардар. Традиционално веќе петта година, како единствен тим од Европа, македонскиот шампион сезоната ја заврши со настап на Ф4 турнирот во Будимпешта. Втора година по ред “црвено-црните” девојки сосема заслужено се најдоа во големото финале но ја немаа талијата на својата страна да се искачат на тронот на Европа. Ѓер на буквално ист начин, само една година покасно го освои најзачајниот европски клупски пехар.

300x250

Оваа година емоциите беа засилени кај сите љубители на ракометот во Македонија. Иако да бидеме реални, Македонија не ја покажа целосно на дело љубовта кон оваа екипа. Немаше ни половина љубов, емоција, поддршка од тоа што го добива машкиот клуб. Секоја чест на тие во просек 3500-4000 илјади гледачи кои постојано ја даваа поддршката на девојките, но тоа беше далеку од тоа што вистински го заслужија.

Повеќе нема ни време ни можност да се поправи сето тоа. Овој ЖРК Вардар нема да го има наредната сезона, па со тоа ни можноста да се наполни СЦ” Јане Сандански”.

Ракометарките за последен пат со со автобусот  пристигнаа во својот дом. Глетката иста како и во изминатите пет сезони. Оние кои беа на секој натпревар во салата и ја даваа максималната поддршка за девојките, се собраа и денес да ги поздрават за последен пат. Емоциии, солзи, воздишки… Пред петнаесетина години се простивме од првата женска ракометна гордост-Кометал Ѓорче Петров. Оваа втората-ЖРК Вардар траеше многу пократко. До некое следно видување и ракометно радување…

Збогум и големи успеси во вашите следни клубови и предизвици.

Видео од пристигнувањето на вардарки пред СЦ”Јане Сандански”

Фотографии од пристигнувањето и атмосферата пред СЦ”Јане Сандански”

Фотографии за последен пат со своите идоли