Барселона триумфираше во “Копа Дел Реј” (ВИДЕО)

Кога веќе доживеа непријатна елиминација во осминафиналето на Лигата на шампионите од екипата на Монпелје, Барселона се насочи кон освојување на останатите трофеи кои се нејзина обврска секоја сезона.

300x250

По освојувањето на титулата во Асобал лигата која ја обезбеди порано од завршувањето на сезоната, каталонците денеска ја исполнија и обврската за освојување на “Копа Дел Реј”.

Екипата на Чави Пасквал славеше во  финалето во Мадрид против Ла Риоха со 35-28 и стигна до својот петти последователен трофеј во “Копа Дел Реј”.

Ла Риоха имаше сили да парира само во првите триесетина минути кои ги заврши со негатива од само два погодоци (19-17). Во второто полувреме Барселона додаде гас за на крајот да слави со конечни 35-28, резултат кој беше доволен за петтата тутула за Барса во шпанскиот куп.

Искусниот Раул Ентрериос со осум и французинот Мем  со седум гола го предводеа нападот на Барселона. Ристовски не доби шанса за настап на денешниот дуел.

Видео од подигнувањето на победничкиот пехар