Барселона сака во СЕХА – ЕХФ решава дали лигата ќе биде само регионална

За да може СЕХА лигата да се шири мора да добие одобрение од ЕХФ. Во следните седум дена ќе се знае каков ќе биде форматот на СЕХА и дали ќе излезе од сегашните „регионални“ рамки.

Напорите да се направи силна и препознатлива лига ја донесоа СЕХА на ниви слично на лигата на шампионите, и сѐ повеќе тимови сакаат да бидат дел од ова регионално натпреварување. Но СЕХА Газпром лигата повеќе несака да биде регионална лига, туку да мозе да се шири и на други региони. Тоа доаѓа од барањето на неколку екипи, меѓи кои и Барселона, кои искажале желба во иднина да играат.

До СЕХА Газпром лигата се стигнати барања од екипи од Шпаниј (Барселона), Израел (Тел Авив), Турција (Бешикташ), Чешка, Романија, Русија (Чеховски Медведи), Србија (Војводина) и кои сакаат да бидат дел од лигата во иднина. На последниот состанок на клубовите на СЕХА лигата овие барања биле презентирани.

Раководството на СЕХА лигата во петокот вечерта имало и состанок со првите луѓе на ЕХФ и ЕХФ маркетинг каде се разговарало за можноста ова веќе да не биде регионална лига. Но, за нешто вакво треба одобрение од ЕХФ која несака да има пандан лига на ЛШ, и во која на сите клубови им се платени трошоците за играње и патувања. Двете страни ги кажале своите аргументи, и останува во следните седум дена ЕХФ да се изјасни за ова барање.

Дури потоа СЕХА лигата ќе реши кои екипи в година ќе се натпреваруваат. Сигурно е дека Македонија ќе има два претставника, Вардар и Металург. Македонскиот првак Вардар е актуелен и трикратен првак на СЕХА лигата.