Барселона потклекна: За 800.000 евра Палмарсон доаѓа уште овој месец

Ракометарот на Веспрем, Арон Палмарсон си заминува од Унгарија и се сели во Барселона. Трансферот би требало да биде официјален до крајот на месецов, а Барселона плати обесштетување во изност од 800.000 евра.

300x250

Како што е познато Палмарсон не игра за Веспрем откако беше суспендиран од страна на тренерот Љубомир Врањеш, а му се закануваше пауза до крајот од сезоната. Со оглед на тоа што веќе се имаше договорено со Барселона, неговиот следен клуб (имаше договор за трансфер следното лето) не сакаше да препушти ништо на случајот и да дозволи тој да падне во формата, па затоа одлучи да плати и да го донесе уште сега.