Барселона победува и кога не блеска, скромни изданија на Кире и Борко

Шпанскиот првак Барселона ја продолжи победничката низа во Асобал Лигата и ја забележа 19 победа по ред во исто толку натпревари. Избраниците на Чави Пасквал потешко од очекувањата излегоа на крај со Куенка која загуби дома со 23:27.

Македонските интернационалци, Кире Лазаров и Борко Ристовски имаа скромни изданија. Десниот бек имаше 1 гол од 4 обиди, додека Ристовски бранеше во поголемиот дел од натпреварот и забележа 6 интервенции.

Следен предизвик за каталонците ќе биде дуелот во Лигата на шампионите против Фленсбург.