Барселона најде замена за Ристовски: Данецот Милер ќе застане на голот на каталонците (ВИДЕО)

Екипата на Барселона најде експресна замена за Борко Ристовски обезбедувајќи го потписот на голманот на Фленсбург, Кевин Милер.

Данскиот интернационалец потпиша тригодишен договор со каталонскиот гигант чиј дрес ќе го носи до 2021 година.

Милер треба да биде замена за Борко Ристовски кој заминува од Барселона, и да формира одлично голманско дуо со шпанскиот репрезентативен чувар на мрежата Гонзало Перез Де Варгас.

Данскиот голман во Каталонија пристигнува од актуелниот германски првак Фленсбург за кого настапуваше изминатите четири сезони, а пред тоа го носеше дресот на данските екипи Фаборг, Викинг и Гог.