Барселона е без конкуренција: Борко изброи до 15 одбрани против Замора

Составот на Барселона славеше со 32:20 во 12. коло од Асобал против ММТ Сегурос Замора, а на овој меч беше јасно кој ќе победи уште пред почетокот на средбата. Каталонците доминираа во текот на сите 60 минути така што само ја потврдија улогата на фаворити на овој дуел.

Борко Ристоски доби предност на овој меч во однос на Гонзало Перез де Варгас и бранеше во текот на сите 60 минути. Имаше одлична партија со успешност од 42,9 проценти, а тоа беа вкупно 15 одбрани.

Од овие 15 одбрани, десет беа удари од линијата од шест метри, а пет од зад деветте метри.

Со новата победа Барселона само продолжи со доминацијата во првенството на Шпанија, а ова беше и генерална проба за гостувањето кај Нант в сабота.