Барселона го штиклираше и Бенидорм

Шпанскиот гигант Барселона, ја продолжи победничката низа во Асобал Лигата и запиша нов тренинг триумф. Тимот на Бенидорм е последната екипа која си замина од „Блауграна“ со висок пораз, 38:28, во натпревар од 20 коло.

Ристовски бранеше едно полувреме и забележа 9 одбрани, меѓу кои и 1 пенал, додека Кире Лазаров постигна 4 голови од 7 обиди, со кои беше втор стрелец заедно со Јиха и Н’гесан. Следен предизвик за каталонците ќе биде гостувањето во Германија кај Кил.