Барселона го продолжи договорот на еден од своите најголеми таленти (ФОТО)

Барселона го продолжи договорот со еден од своите најмлади и најталентирани ракометари. Станува збор за десното крило Алеикс Гомез кој  ќе продолжи да го носи каталонскиот дрес до 2021 година.

Гомез им се приклучи на Раул Ентрериос, Аитор Арињо и Тимоти Н’Гесан како дел од ракометарите кои го продолжија договорот со Барселона, а во оваа група влегува и тренерот Чави Пасквал кој исто така останува во Блауграна.

Гомес дебитираше за Барселона на 1 октомври 2014 година, и претставува еден од најталентираните ракометари во шпанскиот гигант. Во својата дебитантска сезона одигра 47 натпревари во кои постигна 118 погодоци.

“Барселона ми даде шанса уште на самиот почеток, имав добар настап на Супер Глоуб, и тие продолжија да веруваат во мене. Екипата ме прифати одлично од самиот старт, и имам голема поддршка од сите во клубот”-изјави Гомез.

Спортскиот менаџер на Барселона-Давид Баруфет , изјави дека Гомез е еден од најталентираните ракометари, а Барселона како тим е многу среќна што ја продолжи соработката со него.

” Алеикс е млад ракометар кој постојано напредува и многу сме среќни што го продолживме договорот на нови три сезони. Сигурни сме дека ќе игра во Барселона и многу повеќе. Тој е еден од ракометарите што најмногу ветува и мора да продолжиме да работиме со него”.-заврши поренешниот легендарен голман, а сега во улога на спортски менаџер на Барселона, Давид Баруфет.