Барселона го освои Купот, а Борко шампањското (ВИДЕО)

Ракометарите на Барселона се освојувачи на “Копа Дел Реј” во сезоната 2017/2018. Каталонците во финалето ја совладаа Ла Риоха со 35-28 и стигнаа до својот петти последователен трофеј во “Копа Дел Реј”.
По завршувањето на натпреварот следуваше церемонијата на доделувањето на пехарот, а познато е дека шампањското секогаш завршува во рацете на Македонецот. Ристовски не ја прекрши традицијата, па не го испушти шампањското од своите раце за време на церемонијата.

300x250