Барселона веќе стигна до првата круна сезонава

Во натпреварот од Супер купот на Каталонија одигран помеѓу Барселона и Гранолерс победата ја однесе шампионот на Шпанија со резултат 43:25 и останува неприкосновен. За Барса ова е петта последователна титула натпреварувањето и осумнаесетта во историјата.

300x250

Победникот на овој натпревар својата надмоќ ја покажа уште во првиот дел во кој избраниците на Чави Пасквал играа цврсто во одбрана и беа ефикасни во нападите. Веќе на одморот резултатот беше 22:8 во корист на Барселона и тука беше јасно кој ќе победи.

За ваквата разврска уште по првото полувреме најзаслужни беа голманот Гонзало Перез де Варгас кој во првиот дел одбрани 14 удари, а Ласе Андерсон и Лудовик Фабрегас погодија по трипати.

До крајот на дуелот овие играчи само си ја подобрија статистиката, а во 55 минута Барселона успеа да ја помине и границата од 40 постигнати погодоци и со самото тоа целосно да го посрамоти противникот кој беше немоќен.