Барса ја прослави титулата во АСОБАЛ, Лазаров блиску до „илјадарка“

Македонските репрезентативци Кире Лазаров и Борко Ристовски заедно со Барселона прославија уште една убедлива и рутинска победа во АСОБАЛ Лигата. Каталонците на домашен терен го победија Пуенте Хенил со 37:29 за 28 победа во 28 натпревари. По завршувањето на мечот, момците на Чави Пасквал го добија и пехарот.

Лазаров беше стрелец на 2 гола од 6 обиди, а со нив стигна до 950 голови во АСОБАЛ Лигата како член на Барселона, Атлетико Мадрид и Сиудад Реал. Голманот Ристовски  го заврши мечот со 7 одбрани од кои 1 пенал.