Барса со нова „ѕвездичка“: Кире и Борко стигнаа до титулата во Асобал (ВИДЕО)

Македонските интернационалци Кире Лазаров и Борко Ристовски со Барселона се шампиони на Шпанија на четири кола до крајот на Асобал Лигата. Каталонците славеа над Бидасоа со 39:25 и направија предност од 11 бодови која не може да биде стигната од Адемар Леон. Ова е 7-ма титула по ред за Барселона, четврта за Лазаров, а прва за Ристовски.

На дуелот против Бидасоа, Борко Ристовски имаше 12 одбрани, а Кире Лазаров беше стрелец на 4 голови. Откако и математички ја потврдија новата титулата во домашниот шампионат, каталонците ги очекува нов предизвик, дуелите со Кил од четвртфиналето на Лигата на шампионите.