Барса со висок триумф во АСОБАЛ се загреа за Висла Плок

Одамна веќе не е прашање дали тимот на Барселона ќе победи во Асобал лигата, туку со колкава разлика. Каталонците запишаа нова убедлива победа на гостувањето кај составот на Ваљадолид со 25:38, во 21 коло.

Капитенот на македонската репрезентација беше втор стрелец со 5 голови од 7 обиди, додека Борко Ристовски имаше 3 одбрани на голот на каталонците. Следен предизвик за Барселона е мечот Лигата на шампионите со Висла Плоцк и доколку каталонците слават победа, ќе обзбедат директен пласман во четвртфиналето на најквалитетното европско натпреварување.