Барса продолжи да победува: Ристовски со четири одбрани против Бидасоа Ирун

Барселона продолжува со победите во Асобал лигата, а нова жртва беше екипата на Бидасоа Ирун. Вечерва Каталонците славеа со 34:25 како гости откако наидоа на силен отпор во првото полувреме.

300x250

После 11:12 во првите 30 минути во продолжението Барса доминираше и успеа да стигне до убедлива победа така што немаше изненадување.

Борко Ристовски овој меч го заврши со четири одбрани, додека неговиот колега Варгас имаше шест. Тие ги зачуваа силите за дуелот против ПИК Сегед во Лигата на шампионите па се очекува да бидат во подобра форма во текот на викендот.

Инаку, ова беше десетта победа за Барселона во Асобал лигата сезонава.