Барса и Борко без пораз доаѓаат во Скопје

Барселона ја совлада екипата на Логроњо Ла Риоха со 32:25 и тоа на гостински терен во 6. коло од Асобал лигата. Тоа беше очекуван резултат, а Каталонците ги штедеа силите бидејќи в сабота гостуваат в Скопје во многу важен дуел од Лигата на шампионите против Вардар.

Борко Ристовски имаше само две одбрани на овој меч во кој Барселона немаше никаков проблем за да дојде до бодовите и да продолжи со успешната серија во домашното првенство. Инаку, тимот од Каталонија нема пораз уште од стартот на сезоната.