Барса го претстави Петруш, тој сака титула во Лигата на шампионите

После претставувањето на Лудовик Фабрегас екипата на Барселона го претстави и ракометарот од Бразил, кој доаѓа како засилување од Пик Сегед, Тијаго Петруш. Бразилецот има потпишано за Барселона уште претходно, а сега само се појави пред јавноста и беше официјализиран неговиот договор.

Тијаго при претставувањето изјави дека му е задоволство што добил доверба од тим како Барселона и посакува многу трофеи.

„Ова е голем чекор напред за мојата кариера. Мојот сон е да ја освојам Лигата на шампионите и мислам дека со Барселона ќе можам да успеам да дојдам до остварување и да успеам да освојам многу трофеи“, изјави Петруш.

Барселона има сосема изменет тим во однос на минатата година и ќе биде далеку поопасна во новата сезона и во Лигата на шампионите.