Барса го претстави засилувањето: Палмарсон позираше со дресот број 34 (ВИДЕО)

После официјализирањето на договорот со новиот тим, Арон Палмарсон е веќе претставен од страна на Барселона и веќе го очекува својот прв настап. Тој ја одржа првата прес конференција, а на истата беше и фотографиран со дресот со број 34.

Палмарсон доаѓа како засилување за позицијата среден бек и тоа осум месеци предвреме бидејќи имаше договор со Каталонците од јуни следната година.