Барса го најде лекот за Раул и ПСЖ

Каталонскиот гигант Барселона, му го нанесе првиот пораз на досега несовладливиот ПСЖ на Раул Гонзалес, откако вечерва во Блауграна славеше со 36-31.

Францускиот тим беше конкурентен во првата половина од првото полувреме, но момците на Пасквал клучната предност ја направија пред паузата кога се одлепија на 19-15.

На стартот на вториот дел, каталонците ја одржаа предноста од првото полувреме, а на десетина минути до крајот ја искористија лошата вечер на Никола Карабатиќ и голманското дуо на ПСЖ, па стигнаа и до плус осум, 30-22.

До крајот избраниците на Раул само успеаја да ја преполоват негативата, но не и да се вратат во игра, па домашните го завршија рутински мечот со конечни 36-31.

Најдобри стрелци кај победникот беа Абело со седум и Мем со пет погодоци, додекај кај ПСЖ се истакна Лука Карабатиќ со шест голови.