Барса без Жалуз против Вардар?

Тунискиот интернационалец Ваел Жалуз заработи повреда на левата нога и ќе биде надвор од терените шест недели. Тоа значи дека најверојатно ќе го пропушти дуелот од Лигата на шампионите против Вардар, кој ќе се игра на 10 јануари во „Палау Блауграна“.

300x250

Жалуз, покрај првите натпревари од Лигата на шампионите ќе го пропушти и африканскиот шампионат, кој се игра во исто време со Европското првенство, и нема да игра за Тунис. Покрај него, на листата повредени се Ласе Андерсон и Јуре Доленец, кој ќе биде исто така во трка со времето и можно е да не настапи против Вардар.