Баражи за СП: Македонија со втора највисока победа на првите пресметки

Со вчерашните три средби беше финиширан првиот дел од баражите за СП на европско тло, а во нив немаше изненадувања. Можеби ремито меѓу Белорусија и Австрија беше неочекувано, но е во рамките на она што и двете селекции може да го прикажат.

Затоа, пак, Србија и Македонија одработија според планот и покажаа дека во моментов се поквалитетни од своите ривали и успеаја да дојдат до победи кои им гарантираат мирни реванши и надеж за пласман на Мундијалот.

Србите беа подобри со 28:21, додека Македонија славеше со 32:24, па практично сега имаат резултат кој им дава за право да можат на некој начин веќе да се сметаат како патници во завршницата.

За одбележување е и фактот дека само Хрватска на првите средби забележа поголема победа од Македонија.

БАРАЖ ЗА СП 2019

ЛИТВАНИЈА – ИСЛАНД          27:27

ЧЕШКА – РУСИЈА        27:26

ХОЛАНДИЈА – ШВЕДСКА       25:24

НОРВЕШКА – ШВАЈЦАРИЈА   32:26

СЛОВЕНИЈА – УНГАРИЈА       24:29

ХРВАТСКА – ЦРНА ГОРА        32:19

БЕЛОРУСИЈА – АВСТРИЈА           28:28

СРБИЈА – ПОРТУГАЛИЈА             28:21

МАКЕДОНИЈА – РОМАНИЈА     32:24