Балиќ и Метличиќ прават сопствена лига за дечиња до 12 години

Двајца ракометари коишто оставија свој голем белег во ракометот во Хрватска, Петар Метличиќ и Ивано Балиќ почнуваат со голем проект. Тие тргнуваат со првото ракометно првенство на Далмација за деца од осум до 12 години.

300x250

Првенството ќе се игра по турнирски систем во неколку града. Ќе се игра во Шибеник, Задар, Дубровник и во Сплит каде што ќе биде завршниот турнир.

„Нашата академија работи веќе 11 години и ова е чекор напред. Нашиот клуб се натпреварува во сите категории во Втората лига југ. Зачудувачки е податокот дека само 30 проценти од децата се занимаваат со спорт, а ова е еден од начините тоа да го смениме“, изјавува Метличиќ.

Неговиот колега од Академијата со кој доминираа заедно во репрезентацијата, Ивано Балиќ исто така го искажа своето видување.

„Најважно е децата да се активираат и да почнат да се занимаваат со спорт. Убеден сум дека ќе им биде интересно и дека ќе се дружат и играат“, коментираше Балиќ.