Бабиќ не е повеќе тренер на Горење

Хрватот Жељко Бабиќ не е повеќе тренер на словенечкиот тим Горење Велење. По четвртиот пораз во низа, раководството на клубот и Бабиќ се договориле да ја прекинат соработката која не ги даде очекуваните резултати. Замена за Бабиќ на клупата ќе биде 34 годишниот Клемен Лузар.

300x250

И покрај тоа што го превзема сениорскиот тим, Лузар истовремено ќе остане на функцијата координатор на јуниорите и тренер на младинците.

Раковоството на Горење Велење се одлучи на ваков чекор поради лошите резултати на екипата. По елиминацијата во меѓународните натпреварување, капак на се беше елиминацијата во четвртфиналето на словенечкиот куп од екипта на Ормож.