Ања Алтхаус стана македонска снаа (ФОТО)

Поранешната ракометарка на Вардар и репрезентативка на Германија, Ања Алтхаус, изминатиот викенд „рипна во тавче“ и се омажи за Македонецот Дино Балиќ. Таа на социјалните мрежи објави неколку фотографии од свадбата која се одржи во Скопје,

Нејзина старосватица беше познатата модна креаторка, Јована Филиповиќ. Откако си замина од Вардар, таа една сезона настапуваше во унгарскиот Ѓер со кој стана европски шампион, по што ја заврши кариерата.

Оттогаш живееше на релација Македонија – Германија, но сега веројатно ќе остане во Скопје. Балиќ, пак своевремено беше познат по врските со пејачката Каролина Гочева и манекенката Наталија Грубовиќ.