Ацо Јоновски ќе игра во Третата Бундес лига

Македонскиот репрезентативец Ацо Јоновски, по заминувањето од Бергишер, потпиша двегодишен договор со тимот на Ратинген и ќе игра во Третата Бундес лига. Пред да се пресели во Германија, Јоновски беше дел од Асобал Лигата, и помина една нецела сезона во Ла Риоха.

36-годишниот столб на одбраната на македонската репрезентација имаше уште неколку опции, но сепак се реши за Ратинген. Тој беше дел од последниот квалификациски натпревар на Македонија против Чешка и веднаш се виде разликата на теренот, бидејќи имаше одлична партија.

Јоновски потекнува од тимот на Струга, а во Македонија играше за Пелистер, Вардар и Металург, додека надвор освен за споменатите Бергишер и Ла Риоха, настапуваше и за Бешикташ, Босна, Силкеборг, Спортинг Хорта и Сент Гален.