Атракција во Келце: Бум-бум Бомбач му го сврте умот на Омејер (ВИДЕО)

Ракометарот од Словенија кој настапува во редовите на Келце имаше одличен потег на средбата против ПСЖ. Иако неговиот тим претрпе пораз од 28:34, а имаше катастрофално прво полувреме во кое губеше со 10:22 тој го имаше потегот на мечот.

Деан Бомбач уште при отворањето на средбата покажа зошто е меѓу најдобрите средни бекови во моментов откако успеа да ја измрда целата одбрана на противникот, а потоа и голманот Омејер.

Овој погодок беше за израмнување на 4:4, а за какво ремек дело се работи можете да погледнете во видеото во продолжение.