Атман: Теренот во Битола е жежок, а публиката е луда по ракомет!

Тимот на Еурофарм Работник денеска го игра натпреварот од 5. коло во Лигата на шампионите против тимот на Хановер.

Германскиот тим има шанси за четвртфинале, но мора да победи во Битола. Во ростерот на гостите се враќа поранешниот член на Металург, Павел Атман.

„Татабања победи кај Нексе, па ние имаме шанси, но мораме да победиме на последните две средби. Кога бев дел од Металург играв во Битола. Натпреварите на Балканот секогаш се тешки. Бев еднаш во Битола. Публиката таму е луда по ракомет. Салата е мала, а теренот е жежок, како да играте во вулкан“, вели Атман за германските медиуми.

Натпреварот меѓу Еурофарм Работник и Хановер се игра вечерва во спортската сала „Боро Чурлевски“ со почеток во 19:00 часот.