Атман за 24Ракомет ТВ: Едвај чекам да заиграм за најдобрата екипа во светот! (ВИДЕО)

Еден од повратниците во македонскиот ракомет е рускиот репрезентативец Павел Атман. Средниот бек две години го носеше дресот на големиот ривал Металург и добро знае каде доаѓа.

Се надева дека повредите се зад него и ќе може да го дава максимумот во дресот на Вардар. Русинот не заборавил македонски јазик.

„Едвај чекам да заиграм за најдобрата екипа во светот. Се надевам повредите ќе ме одминуваат и дека ќе влезам во форма што побрзо“, вели Атман.

Целосната изјава може да ја погледнете во видео прилогот…