Астраион супериорен против Партизан

Астраион беше домаќин на екипата на Партизан во четвртото коло од плеј-аут натпреварувањето во Првата машка лига. Составот од Струмица на свој терен го декласираше противникот со убедливи 46:21.

Астраион со оваа победа се зацврстува на водечката позиција на плеј-аут табелата со максимален учинок од четири натпревари. Партизан успеваше да одржува резултатска неизвесност до резултат 5:5, а потоа домаќниот заигра поангажирано и ја покажа разликата во квалитет.

Веќе на полувремето имаше предност 20:10. Во продолжението ништо не се смени, Астраион продолжи сигурно во нападот и постигна дури 26 голови за сигурна победа.

Астраион беше предводен од Стојан Стојанов кој постигна 16 голови и беше инспиратор на убедливата победа, во составот на Партизан по шест гола постигна Брзанов и Трајковски. Во наредното коло Астраион гостува во Пробиштип кај Весна Акумулатори, а Партизан ќе ја пречека екипата на Аеродром.

Астраион – Партизан 46:21 (20:10)

Сала: Парк во Струмица. Гледачи: 200. Судии: Рубинчо Седлоски и Горан Ангелески од Прилеп. Делегат: Илија Цветкоски од Прилеп.

Астраион: Гогов, Нурев 4, Котески 4, Велков 2, Партинов 3, Кавазов 2, Беџовски 2, Перовановиќ, Катранџиев 2, Каркалашев 2, Касапов, Кочев 7, Стојанов Стојан 16, Ончев, Стојанов Живко 2.

Седмерци: 1/2. Исклучувања: 4 мин.

Паризан: Петров, Динев 2, Брзанов 6, Костадинов, Ветов 1, Трајковски 6, Костадинов Р 1, Узунчев Д 1, Ангелов, Узунчев Т 2, Латев, Велев, Ангов, Маренчев 2, Стојов.

Седмерци: 1/1. Исклучувања: 8 мин.