Артурс: Едвај чекам да заиграм во „Јане Сандански“

Летонскиот репрезентативен голман Кугис Артурс е најновото засилување за европскиот шампион Вардар. Доскорешниот чувар на мрежата на Гросшвалтат доаѓа како замена за Дејан Милосављев во Скопје и се надева дека ќе ја оправда довербата.

„Навистина сум среќен што потпишав договор со Вардар, и ќе бидам дел од еден од најдобрите спортски тимови во ракометот. Се разбира со потпишувањето на овој договор си поставив и цел да бидам најдобар што можам. Скопје за мене е центарот на ракометот. Се надевам заедно можеме многу да постигнеме. Сакам да се заблагодарам на клубот што ќе можам да играм за Вардар. Едвај чекам да играм во „Јане Сандански“, изјави Кугис Артурс.