Арпад Штербик со Шпанија и на Олимписките игри во Токио?

Голманот на Вардар, кој брани во одлична форма во последните две сезони, Арпад Штербик покрај титулата во Лигата на шампионите, во јануари стигна и до трофејот на Европското првенство во Хрватска. Имаше одлична партија во финалето кога едноставно ги запре Швеѓаните.

300x250

„За мене е премногу да бидам цел месец надвор од дома и да бидам на тренинзи. Со тренерот на Шпанија имав договор да се најдам во тимот доколку некој од голманите се повреди. Бев на листата на резерви и кога ме повикаа не можев да одбијам. Имав договор и морав да го испочитувам и крајот сè добро се заврши“.

Тој си заминува од Вардар на крајот на оваа сезона и ја продолжува својата кариера во редовите на Веспрем. Засега не размислува за пензија, но не знае ниту дали би можел да брани на Олимписките игри во Токио за да успее да дојде и до медалот кој му недостига во колекцијата.

„За Токио е уште рано да се зборува. Прво не знам дали тогаш уште ќе бидам активен и ќе бранам. Не верувам дека ќе тренирам цело лето. Сепак, додека здравјето ме служи и додека сум задоволен и среќен на теренот дотогаш и ќе бранам. После Вардар имам две години договор со Веспрем, па кога тоа ќе заврши ќе видиме што понатаму. Тајната на успехот е во младите играчи. Додека имам еден добар голман во тимот и не морам да бранам цел натпревар мислам дека можам да издржам“.

Интересен е и неговиот коментар околу неговите искусни колеги коишто веќе имаат 40 или повеќе години и уште се активни на теренот.

„Моите колеги бранат во врвна форма во голем број на силни европски кубови. Има и постари од мене како Омејер, Шмал, Андерсон… кои уште се во форма. Не знам дали нема млади и квалитетни голмани кои доаѓаат, но сигурно не знам што се случува. Луѓето со 40 години имаа големи улоги во клубовите кои се борат за да ја освојат Лигата на шампионите, а тоа нешто зборува“, коментира Штербик во дел од интервјуто за sportklub.rs.