Арпад Штербик: Драго ми е што моето име е запишано во историскиот успех на Шпанија

Голманот на Вардар, Арпад Штербик после освоеното злато на Европското првенство во Хрватска се шегуваше додека даваше изјава за она што беше направено на овој шампионат.

300x250

„Ако ме повикуваат и понатаму и доколку сум уште активен секогаш ќе доаѓам и ќе одговарам на повиците. Задоволство е да се игра за оваа селекција и со оваа група на репрезентативци. Се работи за квалитетни ракометари. Сите се одлични момци, а ова е и одлично друштво. Затоа можам да кажам дека секогаш би дошол доколку повторно ме повикаат“, изјави Штербик.

На прашањето како се чувствува после финалето имаше интересен одговор.

„Свеж сум играв дури 30 минути на првенството“.

Овој успех ќе биде забележан во Шпанија со оглед на тоа што долго се чекаше за освојување на овој трофеј.

„Секој спорт е на ниво во Шпанија. Ракометот според медалите е меѓу подобрите спортови како и фудбалот и кошарката. Една Франција, Хрватска, Данска имаат повеќе трофеи од нас, но ние успеваме многупати да ги победуваме и горди сме на тоа“.

Со оглед на тоа што дојде за два меча и тоа во ек на подготовки со тимот на Вардар вели дека уште не е во натпреварувачки ритам. Оттаму е интересно што ли ќе се случува кога ќе влезе во потребниот ритам.

„Ова беше случајно. Не сум на ниво и во форма, но среќен сум што можев и толку да и помогнам на екипата. Почнав на 9/10 јануари, но тоа не беше тренинг со ракомет туку со друг спорт“.

Со Душебаев и Канељас се тројцата кои имаат круни и во Лигата на шампионите и на Европското првенство.

„Треба да уживаме во овие резултати, но ќе дојде следната година и некој друг ќе биде шампион ако не се трудиме. Спортот е таков што мора секоја година да се докажуваш. Ако го освоиш пехарот еднаш или двапати во 20 години кариера тоа не е доволно“.

Со оглед на тоа што има обврски со Вардар нема да биде во можност да оди на прославата во Шпанија.

„Другите ќе одат кај кралот, а јас не можам. Тие одат во вторник на прием, а јас во среда одам за Белорусија бидејќи имам меч од СЕХА лигата. Не можам да одам бидејќи не можам да стигнам навреме назад за натпреварот“.

Шпанија долго ја чека оваа титула бидејќи дури четирипати губеше во финалињата на претходните шампионати на Европа.

„Мене не ми беше тешко бидејќи дојде брзо, но на Шпанија да бидејќи има доста финалиња загубено. Знаев само за тоа кога не победија Германците. Сега велат дека ова е историски успех и драго ми е што моето име ќе биде запишано како дел од тој успех“, изјави Штербик.