Арон Кристјансон за 24 Ракомет ТВ: Лазаров е мозокот на Македонија (ВИДЕО)

Вчерашната победа против репрезентацијата на Јапонија за Македонија беше добар влез во првенството, а веќе утре од 14 часот го има вториот натпревар на кој ќе се соочи со селекцијата на Бахреин. Оваа репрезентација загуби во 1. коло од Шпанија и остана без бодови, па против Македонија ќе се обиде да надомести.

Селекторот Арон Кристјансон вели дека успеал да ја простудира играта на Македонија и знае што може да се очекува. Секако верува дека неговите момци ќе најдат начин како да ги запрат.

„Македонија е добар тим. Микс од искусни ракометари и млади и талентирани ракометари, имаат добра енергија. Знаеме кој е мозокот во напад, Кирил Лазаров и начинот н а кој играат со пивот ќе биде нашата задача во одбрана, како и да го надмудриме Ристовски на голот“, вели Кристјансон во изјава за 24 Ракомет ТВ.

Комплетната изјава на Кристјансон можете да ја погледнете во видеото во продолжение.

*за превод на видеото треба да ја одберете опцијата cc.