Анѓелковиќ и понатаму незапирлив кај прволигашите

Ракометарот на Риниа М, Филип Анѓелковиќ продолжува со полнењето на головите на противничките тимови и на две кола до крајот на есенскиот дел има просек од 12,8 гола по натпревар и вкупно 141 погодок.

Тој е далеку пред конкуренцијата и сè понедостижен така што на другите не им преостанува ништо друго освен да ја продолжат трката за 2. место на Листата на стрелците.