АНКЕТА: Заедно да ги избереме најдобрите во машката Суперлига!

Со завршувањето на регуларниот дел од сезоната во Супер машката лига, редакцијата на 24Ракомет ви овозможува да гласате за најдобрите играчи коишто покажаа најмногу во 18. кола од овој дел од шампионатот.

Ние се потрудивме на секоја позиција да ги избереме петте играчи коишто покажаа најмногу, а ваше е да гласате за еден од нив и да учествувате во изборот на најдобар ракометар на секоја позиција, како и за најдобар млад играч и за најдобар дефанзивец.

Имате можност да дадете еден глас, а сето тоа можете да го направите на линковите во продолжение.

Најдобар ГОЛМАН

Најдобро ЛЕВО КРИЛО

Најдобро ДЕСНО КРИЛО

Најдобар ЛЕВ БЕК  

Најдобар ДЕСЕН БЕК

Најдобар ПИВОТ

Најдобар СРЕДЕН БЕК

Најдобар МЛАД ИГРАЧ

Најдобар ОДБРАНБЕН ИГРАЧ

Гласањето трае од 20.03. 2018 до 27.03. 2018

ПРАВИЛА ЗА ГЛАСАЊЕ
Во изборот на најдобрата постава на регуларниот дел од сезоната во Супер машката лига учествуваат вкупно 15 новинари од спортските редакции од медиумите во Македонија. Учествуваат и тренерите на деветте екипи кои играа во регуларниот дел од сезоната во Супер машката лига, како и сите читатели на 24 ракомет.
Новинарите и тренерите за играчите од секоја позиција бодуваат на следниот начин. За најдобриот доделуваат по пет поени, па со ред до 1 поен. За секоја позиција има по пет ракометари така што за секој ќе доделат бодови. На крајот бодовите од новинарите ќе бидат собрани и според тоа ќе биде направена мини табела на која ќе им бидат доделени во зависност од позициите бодови на играчите. Најдобриот добива пет бода, второпласираниот четири… петтиот еден поен.
Читателите ќе можат да гласаат само за еден ракометар од секоја позиција и од дополнителните категории (најдобар дефанзивец, најдобар млад играч), а во зависност од збирот на гласовите ќе биде направена мини табела. И тука најдобриот ќе добие пет поени, второпласираниот четири… петтиот еден поен.
На крајот ќе се соберат бодовите од трите групи на гласачи и ќе се добие најдобриот играч на секоја од седумте позиции, а со тоа и најдобрата седумка во регуларниот дел од сезоната во Супер машката лига, како и најдобриот дефанзивец и најдобриот млад играч.
Во случај на крајот од собирањето на бодовите, добиени од гласањата на новинарите, тренерите и читателите, да дојде до еднаков број на поени меѓу двајца или тројца играчи тогаш одлуката ќе биде во гласовите на новинарите. Оној што добил најмногу поени од новинарите ќе биде избран за најдобар на својата позиција.