Андреа Пенезиќ прва ќе ја нападне Будимпешта

Екипата на Вардар во саботата си обезбеди место на уште еден завршен турнир во Лигата на шампионите, а тоа беше петта сезона по ред како женскиот тим на „црвено-црните“ ќе се бори за титулата.

300x250

На Ф4-турнирот за сезоната 2017/2018 ќе играат и Ѓер (Унгарија), Ростов Дон (Русија) и ЧСМ Букурешт (Романија). Еден од овие ривали ќе биде последната пречка кон финалето, а кој ќе биде тој тим ќе се знае во текот на утрешниот ден.

Ждрепката е закажана за во 18 часот, а веќе се знае и која ракометарка на Вардар ќе се најде на ждрепката и ќе треба да донесе среќа за шампионот на Македонија. Актуелениот вицешампион на Европа ќе има свој претставник во Андреа Пенезиќ, па таа е првата која оди во напад на Будимпешта.

Како што е веќе познато турнирот ќе се игра на 12 и 13 мај кога ќе биде познат и новиот освојувач на Лигата на шампионите.

Ова ќе биде последниот Ф4 турнир за вардарки во ваков состав. Ова е и последната шанса за оваа генерација на „црвено-црните“ да ја покори Европа, па после четири обиди во петтиот да се дојде до трофејот кој недостига.