Андреа Пенезиќ конечно го кажа судбоносното ДА (ФОТО)

Ракометарките на Вардар повторно се собраа заедно. Не, не станува збор за настап на ракометниот терен, туку за поддршка на својата соиграчка која заплови во брачните води.

Станува збор за Андреа Пенезиќ која со брак ја круниса долгогодишната врска со голманот на Ренова, Матија Кобетиќ.

Младенците судбоносното ДА го кажаа вчера на свечената церемонија во Загреб, на која присуствуваа и дел од ракометарките на Вардар како и поранешни соиграчки на Пенезиќ.