Андреа Пенезиќ за 24Ракомет ТВ: На победата не треба да и се гледа во заби, но…(ВИДЕО)

Македонскиот првак ЖРК Вардар вечерва во Скопје успеа да го победи норвешкиот шампион Ларвик. Ако Ларвик падна лесно во Норвешка овојпат во „Јане Сандански“ вардарки навистина се намачија да дојдат до нови бодови. Една од најдобрите поединки на овој дуел и прв стрелец на натпреварот со седум голови, Андреа Пенезиќ вината за лошата игра ја лоцираше во опуштеноста и недостигот на енергија. Лекиќ недостасуваше на овој дуел, но хрватската интернационалка смета дека Хмирова добро си ја завршила својата работа, сега сите погледи ги вртат кон Будимпешта во решавачкиот дуел за првото место во групната фаза.

300x250