Андреа Пенезиќ: Ако ја сакаме титулата мораме да го победиме секого

Претставничката на Вардар на ждрепката за фајнл-фор турнирот, Андреа Пенезиќ после добивањето на противникот за во полуфиналето го потврди она што сите се свесни дека ќе се случи, а тоа е дека на 12 и 13 мај ќе биде даден максимумот.

300x250

„Веќе е добро познато и ова многупати го повторуваме во последно време. Ова ни е последна сезона во Вардар на сите ракометарки и сакаме да се збогуваме победнички со Скопје и со нашата верна публика. Ќе направиме сè за да ги израдуваме“, изјави Пенезиќ.

Од друга страна таа нема коментари околу тоа дали е среќна што беше одбегнат ЧСМ Букурешт со кој Вардар играше во минатите две сезони или поради тоа што нема да се соочат со Ѓер во полуфиналето.

„Без разлика кој тим да го добиевме ние добро знаеме дека мораме да играме квалитетно и да победиме против секого ако сакаме да дојдеме до трофејот. Ова ни е веќе петти фајнл-фор во серија и сакаме конечно да дојдеме до титулата. Ждрепката ни го донесе Ростов, а тоа е одличен тим“.

Имаше и пофални зборови за ракометарките на противникот во полуфиналето, па таа е свесна дека нема да биде лесно на завршниот викенд од сезоната.

„Ростов имаше добра сезона, но ова е долга сезона во која беа одиграни голем дел на ракометарки. Имаат квалитетни ракометарки кои одиграа добро на сите натпревари. Ростов е првпат на овој турнир и сигурно се желни за победа, но и ние исто така го посакуваме трофејот на овој турнир“, коментираше Пенезиќ после ждрепката.