Андреа Лекиќ амбасадор на Олимписките игри во Аргентина (ФОТО)

Ракометарката која остави голема трага во играта на Вардар во минатите пет години, Андреа Лекиќ сезонава е дел од тимот на ЦСМ Букурешт. Таа се пресели кај Романките и веќе стартуваше со победа во новата сезона од Лигата на шампионите.

Сепак, после средбата против ФТЦ Раил Карго таа отпатува во Јужна Америка. Има функција на амбасадор на натпреварите во ракомет на песок на младинските Олимписки игри во Буенос Аирес.

Натпреварите во ракомет на песок се веќе во тек, а Лекиќ е во центарот на вниманието и го привлекува вниманието на присутните така што е вистинска ѕвезда на овие натпревари каде се наоѓаат млади ракометари.

Инаку, ракометот на песок е на тест на овие игри и доколку помине тогаш може да се очекува и на главните игри да добие статус на редовен спорт.