Ангелов втор стрелец против АЕК Атина

Тимот на Аеропос од Воден, каде настапува поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Иван Ангелов, иако беше конкурентен цело полувреме против силниот АЕК Атина, сепак на крајот загуби на домашен терен со 17:25, во натпревар од 3 коло во грчкиот шампионат.

Ангелов беше втор стрелец во неговиот тим и постигна 3 голови, додека во гостинскиот тим се истакнаа двајца поранешни членови на Охрид, пикерот Елдин Вражалица и десното крило Малик Хогас.

Следен предизвик за Ангелов и Аеропос ќе биде гостувањето кај Каматеру.