Аморим навиваше за Вардар против Порто (ФОТО)

Македонската снаа Едуарда Аморим Талеска, слободниот викенд пред стартот на ЕХФ неделата го искористи за посета на Македонија.

Таа со нејзиниот сопруг беше присутна во „Јане Сандански“ и му даде поддршка на Вардар во битката против Порто од Лигата на шампионите, а се сретна и со нејзиниот сонародник кој сезонава ќе игра за „црвено-црните“ – Жозе Толедо.