Алушовски за 24 Ракомет ТВ: Драго ми е што сум дел од оваа историја на Еурофарм Работник (ВИДЕО)

Првата победа на Еурофарм Работник во Купот на ЕХФ, практично е прва за еден тим од Македонија во групната фаза од натпреварувањето. Оттаму ова е голем ден за македонскиот ракомет и секако за Еурофарм Работник како клуб.

Алушовски ќе биде запишан како тренер кој беше дел од тимот кој ја обезбеди оваа победа, а самиот потенцираше дека е презадоволен поради она беше дел од Еурофарм Работник на овој натпревар.

„Драго  ми е што сум дел од историјата и што Еурофарм Работник е дел од македонската и европската ракометна историја. Момците изгинаа на терен и главно се придржуваа до она што го договоривме. Не бевме комплетни. Останавме без Петровски, кој се повреди, а и Чурлевски и Пецаковски не се во комбинација. Се надевам дека до вторник ќе ги имам на терен и ќе можеме да одработиме силно на тренинзите“, изјави Алушовски за 24 Ракомет ТВ.

Комплетната изјава дадена после натпреварот против Еурофарм Работник во Битола можете да ја проследите во видеото во продолжение.