Алжир нема да учествува на Африканските игри

Машката и женската репрезентација на Алжир нема да учествуваат на Африканските игри, а турнирот ќе се одржи од 19 до 31 август во Рабат во Мароко.

Ракометната федерација на Алжир објави дека нивните репрезентации нема да бидат дел од овие игри, а засега нема информација за причините. Тие не се официјално познати. На сајтот на федерацијата беше објавено само кратко соопштение. Во него се вели дека одлуката била донесена во соработка на федерацијата, Агенцијата за спорт и млади на Алжир и Олимпискиот комитет на Алжир.

Машката репрезентација требаше да игра во група со Нигерија, Египет и Конго, додека женската репрезентација беше во група со Мароко, Мали и Екваторијална Гвинеја.