Александра Лакрабер: Одигравме одлична одбрана против ФТЦ

Десниот бек на Вардар и репрезентативка на Франција, Александра Лакребер е задоволна што таа и колешките успеале да го совладаат ФТЦ и на гостински терен. Истото се случи и лани кога Вардар си замина победнички од Унгарија.

„Го надигравме ФТЦ на гостински терен. Игравме без Лекиќ, но одбраната беше навистина добра. Затоа и ни беше полесно да водиме во текот на средбата. Имавме и лошо периоди, но кога беше најпотребно бевме најдобри“, рече после мечот Лакрабер.