Александар Јовиќ: Го плативме данокот на неискуството против Монпелје

Тренерот на Металург, Александар Јовиќ искажа пофални зборови за противникот и призна дека за поголем резултат на неговиот тим му треба и поголем ростер на ракометари, но и намалување на грешките.

„Ова беше заслужена победа на Монпелје, тим кој со својот квалитет според мене не заслужува да биде во оваа груша туку во А или Б. Ние одигравме добар натпревар, а за победа ни требаа уште еден до двајца ракометари во ротација или да не ги направевме тие грешки кога успевавме да фатиме приклучок за нерешен резултат. На овој меч го плативме данокот на неискуството“, изјави Јовиќ.