Александар Мешков: Соработката меѓу СЕХА и Гаспром продолжува

Претставникот на спонзорот на СЕХА-лигата, Гаспром, Александар Мешков искажа голем број на пофални зборови за сето она што досега беше сработено со заеднички сили меѓу раководните лица на лигата и компанијата која застана зад натпреварувањето.

Соработката трае од 2013 година, а ќе продолжи и во иднина, а Мешков имаше интересен вовед во својата изјава.

„Честики за организацијата на седмиот Ф4-турнир во СЕХА-лигата. Веќе сите знаете дека првиот завршен турнир под капата на Гаспром беше во Македонија и ние сега повторно сме тука. Не беше воопшто лесно во минатите пет години, но ние имаме одлична и успеашна соработка. Со заеднички сили успеавме да прераснеме во лидер на ракометот во Европа“.

Тој е презадоволен што во СЕХА-лигата имаат добар партнер, а уште позадоволен е што во моментов СЕХА лигата го има и првакот во Лигата на шампионите.

„Многу интересно прашање е кој резултат е добар за нас? Мој одговор е дека тимовите од СЕХА-Ф4 да бидат истите коишто ќе играат и на Ф4-турнирот во Лигата на шампионите. Сметам дека се движиме во вистинска насока. Минатата година победникот од СЕХА-лигата беше и победник во Лигата на шампиуоните. Тоа беше сезона во која го имавме достигнато врвот на ракомет, а нашата сила не е само во регионот туку и во Европа. Не сакаме да застанеме тука бидејќи пред нас се многу победи и мораме да се развиваме во вистинска насока“.

Воедно на оваа прес-конференција, Мешков потврди и дека соработката ќе трае така што во иднина се оди по нови успеси.

„Нема никакви дилеми. Ние сме максимално задоволни од досегашната соработка и веќе имавме разговори со Управниот одбор на компанијата. Сака да соопштам дека ќе ја продолжиме соработката со СЕХА. Ќе бидеме партнер и во иднина бидејќи ги сакаме победите. Ние во Русија имаме еден слобан кој вели: ‘Гаспром ви ги остварува соништата’. Каде е Гаспром таму се и победите“, изјави Александар Мешков.