Ако синоќа не гледавте: Најубавите моменти од Вардар-Металург на едно место (ВИДЕО)

Средбата меѓу Вардар и Металург означи старт на новата сезона и за двете екипи кои со дуелите од СЕХА-лигата ќе се подготвуваат за предизвиците од Лигата на шампионите.

Вчерашната средба донесе интересен тек, а имаше и многу погодоци. Од она што можеше да се види неутралните љубители на ракометот сигурно се најзадоволни. Имаше многу убави погодоци, интересни моменти и допадлив ракомет.

Доколку синоќа не бевте во можност да го следите натпреварот тогаш имате можност најинтересните моменти од средбата да ги видите во краткото видео од средбата. Тука се сите моменти од овој натпревар, па можете да погледнете како беше на теренот меѓу Вардар и Металург во победата од 34:28.