Ако се откаже од ЛШ: Металург ќе добие суспензија од две години и парична казна

Доколку Металург одлучи да не настапува во оваа сезона во Лигата на шампионите тогаш може да се соочи со огромна казна. Она што е сигурно во таква ситуација ќе мора да плати 25.000 евра, но клубот ќе биде надвор од сите натпреварувања под капата на ЕХФ во следните две години.

Ова се само дел од санкциите коишто можат да ги заработат „металурзите“, доколку решат да бојкотираат поради разочараноста од ЕХФ после одлуката да му биде дозволено на Обрадовиќ да потпише за тимот на Висла.

Во писмото коешто беше објавено од страна на Металург стоеше дека размислуваат дали воопшто да играат бидејќи се разочарани од ЕХФ. Сега останува само да се види дали ќе се игра или ќе се бојкотира. Со оглед на казните не би било пожелно да се направи таков чекор и правдата е добро да се бара на друго место. Сепак, последната ја има раководството на Металург и ќе треба да се изјасни за следниот потег.

Инаку, првиот меч во новата сезона тимот на Металург треба да го има в сабота во Франција против тимот на Монпеље.